Фотошопирана историја

Photoshopirana IstorijaИсторијата не само што ја пишуваат победниците, туку и ја Photoshop-ираат компјутерџиите. Галерија со фотографии во која ги спредуваме оригиналните и манипулираните фотографии на  едни од најпознатите моменти во историјата. Сите љубители на историјата, клик на сликата.

Историјата не само што ја пишуваат победниците, туку и ја
Photoshop-ираат компјутерџиите. Галерија со фотографии во која ги
спредуваме оригиналните и манипулираните фотографии на  едни од
најпознатите моменти во историјата.
 
7_lg
8_lg
 
 
Мајсторите за пропаганда во Советскиот Сојуз имале пракса да ги бришат политичарите кои не им се допаѓале. На овие фотографии, Владимир Ленин ја прославува победата на Руската Револуција на црвениoт плоштад. На втората фотографија, Леон Троцки е персона нон грата.
 
1_lg
 
 Советскиот оддел за пропаганда уште еднаш… На овие фотографии, комесарот за воден транспорт испарува но Сталин останува. Каде е комесарот? Едноставно, бил стрелан.
Прочитајте и:  Насрала: Либанскиот фронт нема да престане да ги поддржува луѓето во Газа и на Западниот Брег
 
 
filo
filo2_1
 
По повеќе години од Пукањето во Кент во 1970, неколку списанија без знаење објавија фотографија која беше дигитално манипулирана. Фотографот John Filo за оваа фотографија има добиено Пулицерова Награда. Пронајдете ја разликата.
 
nationalgeographic1
 
Ах, тие незгодно поставени Египетски пирамиди. Мајсторите за манипулација на National Geographic, поради вертикалната поставеност на насловната страна, "стиснале" две пирамиди во 1982.
 
1
2
3
 
Brian Walski од Los Angeles Times, со хирушки зафат ги споил првите две фотографии во една. На третата фотографија ќе забележите дека некои од луѓето се повторуваат. Фотографот подоцна објаснил дека едноставно сакал да предизвика малку напнатост. Бил отпуштен.
 
hajj2
hajj1
 
 На втората фотографија на Ројтерс мноу јасно се гледа манипулацијата на чадот. На фотографијата се гледа бомбардирана локација во Либан. Фотографот Adnan Hajj подоцна бил отпуштен.
- Реклама -