Популарната пејачка објави слика со која поттикна гласини дека користела програм за уредување на фотографии.
Наташа Беквалац сакаше да се пофали со својата нова песна „Оригинал“, која има преку шест милиони прегледи, и која стана нејзина најслушана песна, но наместо тоа виманието го привлече со својата фигура.
Секси сликата во корсет која ја објави на Инстаграм предизвика голем број на коментари кои ја обвинуваат пејачката дека користи Фотошоп, првенствено поради исклучително тесната половина.
Затоа таа одлучи да покаже како навистина изгледа, па ја објави истата слика, од фотоапаратот.
– Еве ви го оригиналот, сликано од фотоапаратот, што можете и да видите. Ај чао, ние сме горди на шесте милиони а вие се фаќате за нож. Значи, две литри вода на ден, два часа тренинг на ден, риба, зеленчук, љубов, оставете ги цигарите и не пијте газирано ниту алкохол… Само преку викенд- објасни Беквалац.
Јасно!? 😉