Фоторепортажа: Лесново

ЛесновоЛесново е село што се наоѓа на 15 километри од Пробиштип, на надморска височина од 890 метри. Познато е по Лесновскиот манастир и древната традиција на изработка на воденички камења по кои е прочуено низ целиот Балкан. Во денешно време, селото главно живее од селскиот туризам кој е одлично организиран.

Лесново е село што се наоѓа на 15 километри од Пробиштип, на надморска височина од 890 метри. Познато е по Лесновскиот манастир и древната традиција на изработка на воденички камења по кои е прочуено низ целиот Балкан. Во денешно време, селото главно живее од селскиот туризам кој е одлично организиран.

Лесново

Селото Лесново се наоѓа на оддалеченост од 15 километри од општинскиот центар Пробиштип и на само неколку километри од Злетово. Истото е поврзано со сите околни места со одличен асфалтиран пат, па стигнувањето дотаму воопшто не е проблем. Доколку одите со автомобил веројатно ќе мора да запрашате некого во Злетово по кој пат да тргнете, но освен тоа, патот е добро обележан и не би требало да имате поголеми потешкотии.

Лесново

За оние со малку поавантуристички дух, опции се одењето со велосипед или пак пеш, со тоа што постои автобуски превоз до Злетово (кој од Скопје чини само 200 денари) по што ви преостанува нецел час пешачење угоре до селото. Но, кога ќе стигнете таму, глетката и чувството се неверојатни.

Лесново

Со добро вложените пари од меѓународни фондови за развој на селскиот туризам, селото е претворено во вистински рај. Ова е вистинска шанса за сите кои сакаат одмор на високо, опкружени со чист воздух и речиси бескрајно зеленило, искусувајќи делови од селскиот живот, како што е на пример традиционалната храна.

Лесново

Она што некогаш било селско училиште, сега е реновирано и е претворено во објект за сместување гости. Има две засебни соби со капацитет од вкупно 12 гости, а едно преноќување ќе ве чини само 200 денари. Објектот е сосема нов, има нов мебел, нови тоалети со тушеви и мини кујна со трпезарија – или сѐ што ви е потребно за удобен престој. Во истиот комплекс, на само дваесетина метри оттаму, има и мало ресторанче (кое воедно е и продавница). Иако се наоѓа на врв на планина, цените се за 20-30% пониски отколку оние во Скопје.

Лесново

Во истиот објект, двете поранешни училници се пренаменети; едната во работилница (за разните културни манифестации што се одржуваат таму, како што е на пример ликовна колонија со долгогодишна традиција) и музеј на артефакти собрани од селото. За време на нашиот престој таму, за жал не успеавме да го сликаме музејот.

Лесново

Ова село се спомнува и во романот на Славко Јаневски „Тврдоглави“. Во него, кукулинци тргнуваат за Лесново во потрага по воденички камења за нивните воденици, нешто по што селото било прочуено низ целиот Балкан со векови. Поради вулканската подлога, од тамошните камења се правеле најквалитетните мелнички камења, пред електричните мелници да го заземат нивното место.

Лесново

Но, веројатно Лесново е најпознато по тамошниот манастир, св. Гаврил Лесновски кој е основан од испосникот Гаврил во 11 век. Манастрирската црква била запалена во 12 век од непознати причини, но одново е обновена во 14 век, од кога и датираат сите фрески во манастирот.

Лесново

Кога ќе пристигнете во манастирот, ќе ве пречекаат монасите кои постојано живеат таму, а ги има во голем број. Доколку ве интересира нешто повеќе за манастирот, некој од нив ќе дојде со вас за да ви одговори на сите прашања.

Лесново

При влезот низ портата, доколку сте облечени во куси панталони (или панталони воопшто за жените) ќе се сметате како непристојно облечени, но тоа нема да значи дека ќе ве вратат назад. Монасите имаат обезбедено тренерки и здолништа од кои ќе можете да си одберете и да го продолжите разгледувањето на внатрешноста.

Лесново

Главно, фотографирањето во манастирот е забрането, но доколку побарате дозвола од монасите, тоа најверојатно ќе ви биде овозможено.

Лесново

Прочитајте и:  (ВИДЕО) Кои се пријателите на ВМРО-ДПМНЕ Кои се пријателите на Доналд Трамп?

Неодамна доизграден е уште еден дел од манастирската црква за да може да ги собере сите посетители при прославите кои таму се одржуваат.

Лесново

Фреската во куполата
Лесново

Дел од ѕидните фрески се значително оштетени низ вековите
Лесново

Иконостасот во манастирот е изработен од зографот Петре Филипов-Гарката и неговата тајфа. Овој мајстор е познат по неприкосновениот иконостас во св. Јован Бигорски. Иконостасот во Лесновскиот манастир е првиот што го имаат изработено и има исто така голема уметничка вредност.

Лесново

Уникатна фреска во христијанскиот свет
Лесново

Христијанската црква не ја признава својата поврзаност со астрологијата, т.е. преземањето на некои основни принципи. Оваа фреска е вистински уникат во христијанскиот свет. На прашањето што означува и зошто има зодијак во црква, монахот едноставно одговори дека не знае зошто би можеле да насликаат една таква композиција веднаш до фреската од Исус. Кога го запрашавме дали воопшто имало обид за интерпретација на истата, ни кажа дека никој не може да знае како луѓето размислувале во 14 век. Решивме разговорот да остане на тоа.

Лесново

Заради сево ова, најтопло ви го препорачуваме Лесново како дестинација за бегање од хаотичниот градски живот. Бездруго, се работи за одлично место за одмор и релаксација по напорната работна недела.

Лесново

- Реклама -