Фоторепортажа: Пројфелски Водопад – Длабока Река

Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПројфелскиот Водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река, а извира од Корабска Порта, недалеку од највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб (2764 м). Водопадот е највисок на Балканот, но постои само во пролетните и летните месеци кога се топи снегот од Кораб.


Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаНа 4 јуни, 2011 година, мала група планинари и ентузијасти, организирани од планинарското друштво „Трансверзалец“ се упати кон Пројфелскиот Водопад. Имавме среќа да се најдеме меѓу нив, па така нешто по 8 часот бевме на земјениот пат кон село Нистрово. Но, како што обично бива во нашата мила Македонија, компанијата за превоз ги прецени своите можности и моравме да пешачиме по дополнителни 4 километри во двата правци.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПогледот по долината на реката, во насоката во којашто требаше да изодиме околу 15 километри ни кажа дека времето нема да биде сјајно. Сепак, до последен миг останавме непоправливи оптимисти.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаНаместо по патот од левата страна на реката, низ селата Нистрово и Жужње, кадешто минува стандардната патека до водопадот, овојпат одевме низ селото Бибај (кое некои го сметаат за маало на Нисторово). 
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаФоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаФоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаФоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаИ тука некаде започна нашата авантура. Додека водачите се договараа точно каде треба да се сврти, вашиот фоторепортер и неговиот пријател Мартин храбро тргнаа напред. При доаѓањето до првиот крстопат, тргнавме надолу, затоа што тој пат најмногу нè асоцираше на реката. Тоа не се покажа баш најточно, но веќе беше доцна.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПо некое време, патеката по којашто некој одел едноставно престана да постои. За среќа, во групата се најде еден поискусен планинар со GPS уред којшто ни кажа дека треба да се стигне до врвот на планината на којашто сме. Па тргнавме нагоре, попатно збогувајќи се со селото Нистрово, на спротивната страна од реката.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаИскачувањето по Попова Ливада се покажа како доволен предизвик. Одевме по влажен терен со висока вегетација, на моменти се среќававме со непроодни места што мораше да бидат заобиколени, но по некое време, успеавме да истераме до горе по стрмната падина.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаНа Попова Ливада за првпат застанавме да земеме здив и да го почекаме остатокот од групата којашто ја повлековме во една необична авантура.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаНебото веќе ни навестуваше што ќе се случи подоцна во текот на денот. Но, никој не се надеваше дека тоа ќе биде толку страшно…
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПо Попова Ливада, на патот кон врвот, мораше да се помине низ неколку густи шуми во кои се чини дека одамна никој не поминал. Се протнувавме низ гранки, корење, трње, почва што пропаѓаше со секој следен чекор. На крајот, некако успеавме да се пробиеме.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаФоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаОдеднаш излеговме на една мала ледина опколена со шума од сите страни. Тоа повторно беше искористено за мал одмор и консолидирање на групата. Веднаш се постави и прашањето – колку сме изгубени? Одговорот беше – не многу.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока Река

Секако, таму се фотографираа само убави нешта…

Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаОттаму остана уште многу малку пат низ шумичките, до врвот Пралуга, на 1670 метри надморска височина. Од врвот веќе убаво се гледаа врвовите Рибничка Скала и Кукул.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПотоа патот продолжи низ далеку попроодната шума под Рибничка Скала, во насока на Кобилино Поле. Групата значително се развлече и поради бавното темпо ни преостануваа уште 2 до 3 часа пешачње до целта.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПопатно, шумата решава да направи пауза, за да остави место за формирање еден од оние снежни јазици. Сеќавајќи се на непријатностите од минатиот пат, решив дека што си е сигурно – сигурно си е, па го заобиколив снегот од долната страна.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаСо новостекната пријателка, Тања, повторно избрзавме во шумата и повторно ја поведовме групата по едно непријатно и престрмно искачување, на доста лизгав терен. Но, најважно беше што успеавме да стигнеме до патеката под врвот Кабаш, од каде што за првпат го здогледавме врвот Голем Кораб, највисоката точка во Македонија.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПо падините на Кораб се формираат бројни водопади од снеговите што се топат во овој период од годината, но до оној најважниот, Пројфелскиот Водопад, имаше уште еден час пешачење.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаГо здогледавме водопадот во истиот миг кога започна да роси. Тоа предизвика поделеност во групата. Најголемиот дел гласаа да се вратиме назад, за да го избегнеме невремето што се насетуваше. Десетина луѓе се решивме да продолжиме до крајот, по секоја цена.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПолека пристигнавме на Кобилино Поле, пред Пројфелскиот Водопад и во тој момент умерениот дожд престана на неколку минути, доволно колку да се фотографираме, да се преоблечеме и да јадеме. И токму кога мислевме дека нè чека лежерно враќање, започна невремето.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаПороен дожд што не престана во следните 4 часа, силни ветрови што ги тераа капките в лице и најстрашното од сè – силни грмотевици. Од таа точка, до најблиската шума имаше најмалку еден час одење, што значеше дека се најдовме во безизлезна ситуација.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаНе ни преостануваше ништо друго освен да го пуштиме чекорот најмногу што можеме и да се надеваме дека ниту еден гром нема да удри блиску до нас. Брзината на одењето дополнително беше ограничена од теренот што стануваше сè полизгав во деловите покриени со вегетација, а на деловите на коишто имаше патека се насобираа барички во кои моравме да газиме.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаВо следните четири часа водевме битка за спасување, поминувајќи по места кадешто претходно имаше патеки, а нè пречекаа мочуришта. Но, за целото тоа време внимававме на тие крај нас, внимававме некој да не заостане, си помагавме меѓусебно – онака како што обично се случува кога ќе се најдете среде возбудлива авантура.
Фоторепортажа: Пројфелски Водопад - Длабока РекаНа крајот од денот, кога веќе го здогледавме селото од коешто тргнавме и дождот престана да паѓа, бевме бескрајно среќни што сме живи и што ќе можеме да ви донесеме уште едно делче од мозаикот наречен – убавините на Македонија. И сè така до некоја следна авантура…

- Реклама -