Фоторепортажа: Прохор Пчински

Фоторепортажа: Прохор Пчински Причината за постоењето на оваа фоторепортажа е едноставна – секој треба да го посети местото каде што се родила модерната македонска држава, манастирот во кој е одржано првото заседание на АСНОМ, Св. Прохор Пчински…

Најважните места во Врање

Фоторепортажа: Прохор Пчински
И овојпат на патувањето тргнавме во соработка со Скопско туристичко лето. Патот прво нè одведе преку граничниот премин Табановце, до Врање. Причината за тоа беше посетата на спомен-куќата на Бора Станковиќ, големиот југословенски писател, најпознат по романот „Нечиста крв“ и драмата „Коштана“.
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиИако Врање во недела наликува на Демир Капија, т.е. ништо не работи, за среќа овој обејкт ни ги отвори вратите, по претходен договор. Тетката што се грижи за објектот ни ги изрецитира сите информации што ги запомнила за Бора Станковиќ, со брзина поголема или еднаква на брзината на светлината и со толкава монотонија што ќе помислите дека ја загубила волјата за живот. Но, кој разбра, разбра. Кој не, може да си прочита нешто повеќе на интернет.
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиИмено, баба Злата (чие име го носи улицата, а иронично нејзината куќа е дури број 9!) ја изградила оваа куќа во периодот од 1840 до 1845 година. Станковиќ живеел со неа до мигот кога заминал на школување во Белград. Во текот на неговите студии баба му умрела, а тој морал да ја продаде куќата за да го финансира школувањето. Општината Врање ја откупиле куќата од попот што ја поседувал, некаде во средината на 20-от век и оттогаш функционира како спомен-куќа со музеј.

Дрво старо преку 700 години

Фоторепортажа: Прохор Пчински

Овој симбол го има на неколку места близу до куќата, вклучително и на внатрешноста од оградата

Фоторепортажа: Прохор ПчинскиОткако завршивме со разгледувањето на спомен-куќата, време беше за мала прошетка низ градот. А таму, имаше што да се види…

Во Врање кладилниците се издигнати на ниво на инстутции

Фоторепортажа: Прохор Пчински

Без разлика каде се наоѓаат, Македонците знаат да бидат тути-фрути

Фоторепортажа: Прохор Пчински

Внимавајте каде лепите!

Фоторепортажа: Прохор Пчински

Понекогаш, едноставно не можеш да се одлучиш!

Фоторепортажа: Прохор ПчинскиОд Врање се упативме во насока на манастирот Прохор Пчински, по претерано тесниот и кривулест планински пат што поминува низ предели што буквално оставаат без здив. Иако одамна веќе не се наоѓа на македонска територија, манастирот сепак останува исклучително важен за Македонија, од историски аспект и шансата да се посети не можевме да ја пропуштиме.
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиШтом покрај патот ќе го здогледате патоказот на кој недостига само уште насоката и оддалеченоста на Јоханезбург, знаете дека возењето излезено од хорор филм завршило и дека сте пристигнале…
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиГо минувате мостот, го разгледувате комплексот од далеку, се вртите наоколу воодушевувајќи се од прекрасната природа и тогаш, непријатно изненадување.
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиКартата залепена на таблата на влезот во комплексот ни дојде како крајно непријатен шок кој изреволтира голем број од гостите. Погледнете одблизу:
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиВо содејство со придојдениот поп на СПЦ, Зоран, не само што Македонија е запишана како БЈР, туку од манастирскиот комплекс е отстранета спомен-плочата од АСНОМ, размонтирана е спомен-собата од тој голем настан и се чини дека постои обид за бришење на секаков спомен на сè што е македонско од тој, некогашен дел од нашата земја.
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиПерсоналот што работи во конаците (кои горе-долу функционираат како хотел со ресторан) беше сосема друга приказна. Крајно љубезни, услужливи и пријатни за разговор. Впрочем, луѓето секогаш се пријателски расположени едни кон други кога некој не се обидува со сила да ги натера да се мразат.
Фоторепортажа: Прохор Пчински Фоторепортажа: Прохор ПчинскиФоторепортажа: Прохор ПчинскиФоторепортажа: Прохор Пчински

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

Кога паричникот не е доволно голем да ги собере парите од арачот…

Фоторепортажа: Прохор ПчинскиИако на врата од манастирот имаше залепено знак: „Забрането фотографирање и снимање“, јас едногласно одлучив дека тоа не важи за посетителите од БЈР Македонија. Ова се моштите на Прохор Пчински:
Фоторепортажа: Прохор Пчински

Од некоја необјаснива причина, пред рецепцијата во конаците чуваат дрвена реплика од шише за кечап?!

Фоторепортажа: Прохор ПчинскиКон крајот на престојот во кругот на манастирот заврна снег. Иако паѓаше кусо време, глетката беше чудесна. Но, време беше да си тргнеме кон Македонија. Овојпат преку граничниот премин Пелинце се упативме кон меморијалниот центар „Пелинце“, каде што има копија од спомен собата на АСНОМ што денес веќе не постои.

А, палење под оган?

Фоторепортажа: Прохор ПчинскиОва е вистинското време да ги пофалиме македонските и српските граничари. Со нивната колаборација и несебично помагање, успеале да станат убедливо најбавниот тандем во целиот свет. На 4 контроли, на 2 различни премнини, апсолутно непотребно ни потрошија 2 и пол часа од животот. Тоа залудно изгубено време беше токму доволно за да не стигнеме на време во Пелинце (музејот работи до 16 часот) и да не можеме да ја видиме онаа спомен-соба што си е наша.
Фоторепортажа: Прохор Пчински

Антички Египќани присуствувале на АСНОМ?

Фоторепортажа: Прохор ПчинскиЈасно ви е дека сте се вратиле дома во мигот кога ќе видите дека на големо започнало кршењето на еден споменик на културата. Речиси и да нема дел од плочките што не е откорнат, поткршен или пак изгребан…
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиНо, тоа е детска играчка во споредба со оној шок што ќе го доживеете доколку се обидете да влезете во тоалетите. Ништо не може да ве подготви за разочарувањето што следува…
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиФоторепортажа: Прохор ПчинскиФоторепортажа: Прохор ПчинскиФоторепортажа: Прохор ПчинскиСудејќи според брзината и посветеноста со која ги уништуваме сите нешта од јавен карактер, веројатно ова е токму тоа што го заслужуваме…
Фоторепортажа: Прохор ПчинскиЗа да имаме шанса малку да се соземеме, прошетката ја завршивме во Старо Нагоричане, каде што се наоѓа црквата Св. Ѓорѓија и испосничката пештера на Прохор Пчински, но тоа е приказна што еднаш веќе беше раскажана

- Реклама -