Фоторепортажа: Кораб

Фоторепортажа: Кораб На 4 септември, 2011 година, се одржа јубилејното дваесетто меѓународно искачување на врвот Голем Кораб (2754 м.н.в.), кое секоја година се организира по повод денот на независноста на Македонија.


Фоторепортажа: Кораб Патувањето, како и секогаш, започна од Скопје, некаде во раните утрински часови. Иако поаѓањето требаше да биде непосредно по 5 часот, по обичај, тоа се пролонгираше барем за половина час. Откако тргнавме, се чинеше дека натаму сè ќе биде во ред. Но…
Фоторепортажа: КорабОткако го одмина Гостивар, единствениот начин на кој автобусот можеше да вози побавно беше доколку возеше наназад. Автобусот во кој се најдовме или бил дизајниран ексклузивно за возење низ Холандија или пак Германците го заборавиле кога се повлекувале во 1945 година. На патот кон Маврово, и преостанатите два автомобили „Фиќо“ во државава успеаја да нè претркаат.
Фоторепортажа: КорабПоради извонредното возење во место што ни го приреди возачот, особено на земјениот пат до караулата Стрезимир, наместо во 8 часот, како што беше предвидено, пристигнавме на стартната точка во 9.30. Температурата веќе беше доста висока, па се чинеше дека ќе престои пеколно жежок ден.
Фоторепортажа: КорабБез разлика на сè, сите луѓе од автобусот беа пресреќни што ќе излезат, откако се здобија со сериозно чувство на клаустрофобија, благодарение на, можеби најдоброто возење во нивниот живот. А штом започнаа да се покажуваат убавините на планината, полека се појавија и насмевките на лицата.
Фоторепортажа: КорабУште кога излеговме од шумата и се упативме кон бачилото, започна благото наоблачување, што го сокри сонцето и го направи искачувањето пријатно, и покрај страшното задоцнување. Во далечината забележавме шумски пожар, кој подоцна во денот значително се прошири. Авиони за гаснење не видовме.
Фоторепортажа: КорабКога се искачувате на планина во добро друштво, времето минува брзо и заборавате на напорот. Токму затоа, ние решивме да одиме со умерено темпо и да стигнеме на врвот за приближно 4 часа. Речено-сторено.
Фоторепортажа: КорабНешто пред 13.30 се искачивме на врвот Голем Кораб, каде што имаше стотици други луѓе од повеќе држави, поради што беше речиси невозможно да се најде место за седење.
Фоторепортажа: КорабНа врвот имаше прекрасна атмосфера. Се разменуваа знамиња, се правеа фотографии со пријатели, стари и новостекнати, се разговараше, се уживаше во глетката, од страната на Албанија и од страната на Македонија.
Фоторепортажа: КорабЕдна девојка со чудни манири дури и му се подналути на вашиот фоторепортер, бидејќи не знаеше како да ракува со нејзиниот фотоапарат со специјални потреби…
Фоторепортажа: КорабНо, на крајот, сите останавме со огромни насмевки на лицата. Тогаш решивме дека е време да го започнеме патот надолу.
Фоторепортажа: КорабПатот надолу беше подеднакво забавен колку и патот нагоре, со малку почести застанувања за уживање во глетките, со многу помалку гужва.
Фоторепортажа: Кораб Во еден миг, неколку групи планинари одеднаш поседнаа на една падина на која мобилните телефони ја наоѓаа мрежата. Причината за тоа беа последните две минути од кошаркарскиот натпревар Македонија – Финска.
Фоторепортажа: КорабЕдно дете преку телефонски разговор беше информирано за секој потег што беше направен на теренот. Штом ќе беа пренесени, следуваше навивачка реакција на преку 2000 метри надморска височина. Во мигот кога ги крена рацете и рече – победивме, 2 разлика – стотина планинари започнаа на сиот глас да викаат – Македонија, Македонија! Оттука па до каралуата постојано се вееја знамињата.
Фоторепортажа: Кораб

Поглед кон Албанија од Голем Кораб

Фоторепортажа: Кораб

Поглед кон Македонија од Голем Кораб

Фоторепортажа: Кораб

Во убаво друштво на врвот на Македонија

Фоторепортажа: Кораб

Двајца вљубени, осамени во далечините, на врв близу Голем Кораб

Фоторепортажа: КорабОткако се симнавме кај Караулата, решивме да одмориме и да се напиеме по едно пиво, отседнувајќи во една од околните ливади.
Фоторепортажа: Кораб

Мавровско Езеро, во далечините

Фоторепортажа: КорабЗа првпат, по искачување на Кораб остануваме со последниот автобус од организираниот превоз, меѓутоа овојпат вредеше да се остане до последниот миг од денот и да се искористат сите убавини.
Фоторепортажа: КорабЗапочнувајќи го патешествието од уште три часа кон Скопје се збогувавме со Кораб, во исчекување на некоја нова дружба со прекрасните македонски планини.
Фоторепортажа: Кораб

Горат шумите…

Фоторепортажа: Кораб

Глетка од Голем Кораб

{vimeo}28604271{/vimeo}

- Реклама -