Фотографирање вулкани

вулканИграјќи си со смртта во близина на лава со температури од над 1000 степени не би била сечија слика за совршен ден. Но за фотографот Скарпедин Траинсон, стоењето на работ на најсмртоносните вулкани во светот е само возбудлив ден на работа.

вулканИ покрај тоа што има неверојатна среќа и досега не бил убиен или повреден од камењата кои вулканите ги исфрлаат, тој успева да создаде и неверојатни фотографии. Од огромни портокалови фонтани од лава, до налудничави колеги кои стојат на неколку метри од огнените реки, фотографиите покажуваат друга страна на уништувачката сила на природата.
вулканТој за својата работа вели: „Ова е најневеројатното нешто што сум го искусил во животот. Тешко е да се опишат чувствата кои ги добивате кога стоите пред вулкан кој еруптира – топлината, бучавата, мирисот и громовите. Добивате чувство дека сте многу мал и безмоќен кога стоите пред вулкан. После ова фотографирање обични пејсажи е многу здодевно.“ [Skarphedinn Thrainsson volcano pictures capture volatile majesty up close]
вулканвулканвулканвулканвулканвулканвулкан

- Реклама -