Фотографијата на Philippe Halsman

dali_atomicus2pФотографот Philippe Halsman другарувал со Albert Einstein, соработувал со Dalí, создал своја филзофија на скок-фотографија, а во 1958 г. Popular Photography го прогласи за еден од најдобрите десет фотографи во светот.


Фотографот [[Philippe_Halsman]] другарувал со Albert Einstein, соработувал со Dalí, создал своја филзофија на скок-фотографија, а во 1958 г. Popular Photography го прогласи за еден од најдобрите десет фотографи во светот.
 
Philippe Halsman (1906 – 1979 г.) е роден во Рига, Латвија, но најголем дел од животот го поминал во САД, па важи за еден од најдобрите американски фотографи. Некои од познатите личности кои застанале (или скокнале) пред неговиот објектив се Alfred Hitchcock, Judy Garland, Winston Churchill, Marilyn Monroe, Groucho Marx, Dorothy Dandridge и Pablo Picasso.
   
Неговата соработката со Salvador Dalí била повеќе од успешна. Фотографијата Dali Atomicus упатува на Dalí и неговото дело Leda Atomica сместено во десниот дел од сликата. Потребни им биле 28 обиди пред да бидат задоволни од резултатот.

dali_atomicus2

Уште една славна фотографија е In Voluptas Mors, портрет на Dalí покрај череп направен од седум голи тела. На Halsman му требале три часа за да ги намести моделите според скица што ја направил Dalí.

dali_women_skull

Додека за NBC ги сликал комичарите и нивните настапи, забележал дека на фотографиите тие не се статични, што го инспирирало да почне да прави фотографии со скокање.

Халсман објаснил: “Кога ќе побараш од некого да скокне, вниманието е насочено кон чинот на скокање, па маските паѓаат и на виделина излегува вистинската личност.”

Оваа филозофија ја нарекол jumpology и во 1959 г. ја објавил книгата Philippe Halsman’s Jump Book во која сместил 178 скок-фотографии на познати личности.

- Реклама -