НАСА вчера ја објави првата фотографија од Земјата, која од Марс ја сними нејзиниот ровер.
Кјуриосити, ја снимил Земјата на 31 јануари со левата камера, и тоа 80 минути откако паднала ноќта над Марс.
-Човек, со нормален вид кој стои на Марс, лесно може да ги види Земјата и Месечината како две различни светли вечерни ѕвезди- пишуваат експертите од НАСА.
Фотографијата не е обработувана, освен што од неа е елиминиран сјајот од космичкото зрачење.