Дека фотографијата знае да зборува погласно од било кои зборови, покрај таа на Ким Пук или таа на Ајлан Курди, доказ е и оваа, од 5-годишното Сиријче додека чека во амбуланта кола по неодамнешниот воздушен напад врз Алепо.
Малиот се вика Омран Дагнеш, и е едно од петте деца кои беа повредени во нападот на Катерџи, соседство од Алепо. Го извлекоа од урнатините и го однесоа во болницата М10, која исто така претходно беше погодена при нападот, каде што докторите му ја третираа раната на главата и многу веројатно е дека му го спасија животот.
Алепо е држен од бунтовниците уште од 2012, и покрај тоа што е цел на владината опсада поддржана од Русите. Некогаш изгледаше вака.