Фотографија која што го сруши рекордот на Инстаграм

Ретко за некоја славна венчавка да се зборува толку, колку за венчавката на раперот и рејалити ѕвездата.Ким Кардашијан и Канје Вест имаа венчавка од соништата минатиот викенд, а така мислат и бројните обожаватели, па и оние кои не ги сакаат не можеа да одолеат да не видат што се случувало во Фиренца.

Ким на својот Инстаграм го промени презимето во Кардашијан Вест, а објави и фотографија од венчавката како се бакнуваат крај ѕид со бели ружи.

Токму таа фотографија го сруши рекордот на Инстаграм и им се допадна на повеќе од 1,94 милиони луѓе, а бројот и понатаму расте.

Минатиот рекорд го држеше Џастин Бибер на фотографијата со Селена Гомес, која што собра вкупно 1,82 милиони лајкови.

Прочитајте и:  Инстаграм ќе ги ограничува содржини на профилите на тинејџерите

k1

 

k2

 

 

- Реклама -