Фотографии што ќе направат да се заљубите во лисиците

Итра лиска си ја сакаме и веројатно ја познаваме најмногу од басните.

Не секој се соочил лице в лице со ова животно, па не знае колку може да биде прекрасно за очите.

Затоа сме ние тука. Погледнете ги овие прекрасни фотографии од лиски, што ќе го сместат ова животно на посебно место во вашето срце.

А, пред тоа да научиме нешто повеќе за нив.

Црвената лисица е најпозната од сите видови на лисици. Taa е најраспространета не само од сите видови на лисици туку и од сите останати копнени месојадци. Како што кажува нејзиното име крзното по боја најчесто и е црвено-кафено. Постојат околу 40 подвидови на лисици.

Генерално, секоја лисица е самотник и живее на своја територија. Единствено во зима се здружува со друга лисица, додека во текот на летото самостојно се храни.

Крзното од горната страна на црвената лисица најчесто е со црвена боја, а од долната бело, меѓутоа тоновите на бојата и се менуваат во зависност од подрачјето кое го населуваат, па според тоа, бојата на горниот дел од телото и варира од црвенкасто-жолта до темно црвено-кафејава и може да биде ишарано со црвени, кафени, црни и бели влакна, а долниот дел од чисто бела па до сива боја. Долните делови од нозете и се црни. Очите на лисицата и се со златно-жолта боја и имаат карактеристични вертикално издолжени зеници слични како на мачката. Имаат одличен вид и многу се вешти, а опашката им овозможува рамнотежа при изведувањато на акробатски скокови. Силните нозе им овозможуваат да трчаат со брзина од 70 км/час така што можат успешно да ловат или да му побегнат на предаторот.

Во текот на есента и на зимата, на лисицата и расте повеќе крзно одколку вообичаено. Тоа е т.н. “зимско крзно“ кое ја штити лисицата од студот, а кое го губи на почетокот на пролетта кога тоа повторно станува кратко во летниот период.

Исхрана

Се хранат претежно со разни глодари, глувци, зајци, инсекти, риби, но и со сите видови на други мали животни, билки како и со лешеви. Покрај тоа честа ловина им се и јајца од гнезда на птици кои се гнездат на земја како кокошки, еребици, фазани и др. Ретко уловуваат и младо срнче, а уште поретко прасе од дива свиња, додека некој влекач или водоземец ќе го изеде само во крајна нужда. Тиа знаат да влезат и во кокошарник и да украдат по некоја кокошка. Во зависност од годишното време лисиците се хранат и со зрели бобинки како и со равно овошје. Во потрага по храна лисиците ги јадат и животните кои настрадуваат во сообраќајот.

Црвените лисици се животни кои се активни во приквечерината, додека оние кои живеат во урбаните краеви се ноќни животни. Секоја лисица лови сама. Ако улови повеќе храна одколку што може да изеде, вишокот на храна го закопува и го јаде подоцна.

amazing-fox-photos-28-2 amazing-fox-photos-28 amazing-fox-photos-25 amazing-fox-photos-24 amazing-fox-photos-20-1 amazing-fox-photos-19 amazing-fox-photos-18 amazing-fox-photos-17 amazing-fox-photos-15 amazing-fox-photos-14 amazing-fox-photos-12 amazing-fox-photos-11 amazing-fox-photos-10 amazing-fox-photos-9 amazing-fox-photos-8 amazing-fox-photos-7 amazing-fox-photos-6 amazing-fox-photos-5 amazing-fox-photos-4 amazing-fox-photos-3 amazing-fox-photos-2 amazing-fox-photos-1

 

- Реклама -