Работата на фотографот Ник Глајс долго време била незабележана за пошироката јавност.За неговите фотографии всушност се заинтересирани само богати клиенти кои решаваат да се фотографираат во своите скапи приватни авиони. Ник Глајс направи фотографии од луксузот во кој уживаат неговите клиенти и ја опиша нивната работа како „исклучително тајна”.
Тој откри некои тајни од луксузниот мебел во авиони на африкански диктатори. Во исто време, сепак, тој има клиенти и од Кина, холивудски личности и богати бизнисмени. Работата на Глајс беше прикажана во рамките на Меѓународниот фестивал на фотографија во Велика Британија.
Самиот фотограф верува дека неговите слики се интересни поради уникатниот дизајн и необичниот ентериер на авионите, како и поради влијателноста на нивните сопственици. Фотографот сепак, одбива да именува кои се сопствениците на овие авиони. Организаторот на изложбата Мартин Пар додава дека претставувањето на овие фотографии веднаш и сликовито ја отсликуваат состојбата на светската економија.