(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Другарка ме викна на викенд во Украина, ова се моите 72 часа во Киев“

„Секогаш мислев дека Киев е само бетонски згради и блокови. Колку сум била грешка! Воодушевена сум!“, може да се прочита во коментарите под фотогалеријата на Кели Хадсон, објавена на популарниот вебсајт „Bored Panda“, а во која таа ја документира својата посета на главниот град на Украина.

„Една од моите другарки од ‘детството’ беше од Украина. Дојде како студент на размена на една година, и еве, 20 години подоцна уште сме пријателки и се посетуваме кога и да можеме“, пишува Хадсон, која доаѓа од Калифорнија.

„Во 2017-та се преселив од Калифорнија во Данска, што ѝ олесни на другарка ми да доаѓа да ме посетува од Украина. По неколку посети, стигна и понудата ‘дојди во Киев’. Па, се спакував за еден краток викенд и го посетив градот што ме воодушеви.

Прекрасно, живо искуство. Киев е живописен град исполнет со златна светлина и навистина прекрасна архитектура. Украинската историја, особено во поново време, е тpaгична и тешка за слушање… Но, ви ветувам, доаѓањето во Украина ќе ви даде нова перспектива на светот која не сте ја сметале за возможна. Моите 72 часа во Киев се мигови што ќе ги ценам засекогаш и со возбуда чекам да се вратам таму, се надевам, наскоро“, пишува Хадсон.

И навистина, ако сте немале прилика да го посетите, Киев дефинитивно може да ве изненади и да сфатите дека е сосема поинаков отколку што најчесто го замислуваме. Повелете, погледнете низ очите и објективот на Кели:

Повеќе: kelleyhudson.com

- Реклама -