(ФОТО) Почна судењето за убиствата на Вања и Панче, обвинителството побара исклучување на јавноста, судот одби

Обвинителката која го застапува предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска пред да ги даде воведните зборови предложи исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа. Ова, како што рече обвинителката било на барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска доставено до Обвинителството

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој е обвинет за помагање рече дека остава на судот да одлучи за предлогот на обвинителството, додавајќи дека треба да се води пред се од интересот на таткото кој, како што рече е оштетен и жртва во случајот. Против исклучување на јавноста се изјаснија и дел од адвокатите на останатите обвинети. По ова судот одлучи да не го прифати прдлогот за исклучување на јавноста

По две одложени рочишта, денеска во Основниот кривичен суд Скопје почна судењето за убиствата и грабнувањата на малолетната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

Обвинетите во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски / Фото: 360 степени

На обвинителната клупа за прв пат заедно седнаа Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишов, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски Палчо.

Обвинетите во случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски / Фото: 360 степени

Обвинителката која го застапува предметот, Жаклина Крстевска-Јосифовска пред да ги даде воведните зборови предложи исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа. Ова, како што рече обвинителката било на барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска доставено до Обвинителството.

„Имено од страна на полномошникот на Зорица Ѓорчевска и сестрата на Вања Миња Ѓорчевска поднесено е барање до Обвинителството за исклучување на јавноста од целата јавна расправа имајќи ги сериозните последици на интензивното медиумско известување за настанот. За тоа е поднесена медицинско известување за продлабочување на болката кај Зорица и сестрата на Вања и на нивната здравствена состојба појава на сериозно пострауматско растројство“,

наведе обвинителката.

Првоосомничениот во случајот, Љупчо Палевски-Палчо / Фото: 360 степени

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој е обвинет за помагање рече дека остава на судот да одлучи за предлогот на обвинителството, додавајќи дека треба да се води пред се од интересот на таткото кој, како што рече е оштетен и жртва во случајот.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ / Фото: 360 степени

Против исклучување на јавноста се изјаснија и дел од адвокатите на останатите обвинети. По ова судот одлучи да не го прифати прдлогот за исклучување на јавноста.

Рочиштето продолжи со воведните збориви на обвинителката која во детали ги опиша дејствијата за која се товарат обвинетите, додавајќи дека во текот на постапката ќе ја докаже наводите од обвинителниот акт.

- Реклама -