Фото: Пиниља го истетовира ударот што можеше да го елиминира Бразил

Напаѓачот на Чиле, Маурисио Пиниља го истетовира ударот што заврши во пречката во завршните мигови од дуелот против Бразил во осмина-финалето на СП 2014.
Маурисио Пиниља можеше да биде херојот на Чилe и да го елиминира Бразил од мундијалот, но неговиот удар од врвот на шеснаесетникот во 120. минута од средбата заврши само во пречката.

’Кариоките’ потоа беа поуспешни во пенал серијата, па обезбедија пласман во четврт-финалето а репрезентативците на Чиле мораа да си ги пакуваат куферите.

Иако Пиниља на крајот беше трагичар, напаѓачот реши да го овековечи ударот со тетоважа и зборовите ’еден сантиметар до слава’.

pinilla-tetovaza

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.com.mk

- Реклама -