Фотографската уметност е вистинска магија.
Нуркајќи во нечии дела ние успеваме сосема да се телепортираме во тој свет, да се соживееме со ликовите, или да го почувствуваме искуството.
Фотографиите во продолжение се токму такви. Прекрасни и бунтовни- со оглед на тоа што се косат со неколку правила за поставеноста на композицијата. Впрочем, кога станува збор за фотографирањето не треба да се задржуваме исклучиво на правила за симетрија. Тие можат да бидат добар патоказ, а сето она што ја дразни нашата фантазија под будното око, може да создаде елоквентен пример за вистинска уметност, неповртолив момент и многу инспирација.
Уживајте…