ФОТО: Лажна вест предизвика пaникa меѓу жителите на Тирана и Драч, „новиот земјотpec“ се чекаше на улиците и во парковите

Стотици жители на Тирана, Драч и Елбасан синоќа ги напуштија домовите и ги преплавија улиците и парковите во страв и исчекување на нов голем потрес, откако неколку албански медиуми објавија лажна вест со наслов „Излезете надвор од дома, се предвидува силен земјотрес. Еве во колку часот“, која брзо се прошири.

Дури и премиерот Еди Рама се обиде да ја смири паниката, порачувајќи преку Фејсбук дека „секој идиот кој пишува за предвидувања на земјотреси треба да се игнорира“, алудирајќи на тоа дека е невозможно да се предвидат земјотреси. Дека не може да се предвиди земјотрес смируваа и од Министерството за одбрана, а дека поради самото тоа веста е лажна – соопштија и од Владата. Сепак, ништо од ова не помогна да се спречи паниката, барем не целосно, пренесува „НОВА“ (повеќе фотографии на линкот).

Стравот од нов земјотрес следуваше откако во саботата попладне Тирана и Драч беа погодени од силен земјотрес од 5.8 степени, кој беше само еден од долгата серија потреси. Според Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина, по него следувале уште 340 други помали земјотреси. Еден од нив – синоќа во 22 часот и 5 минути, со јачина од 4.5 степени по Рихтер и епицентар 7 километри северо-западно од Валона и 20 километри од Тирана – се случи токму пред објавувањето на лажната вест и практично беше повод за истата.

Во земјотресот од 5.8 степени, оштетени беа околу 500-600 домови, а околу 130 лица останаа повpeдени.

Двајца новинари беа yaпceни за објавувањето на „веста“, согласно албанскиот закон според кој објавувањето на лажни вести е кривично дело и во Албанија се казнува со 5 години затвор, пренесува „Слободен печат“.

 

 

- Реклама -