(Фото) „Културата претставува инвестиција, а не расход“ – Куновска за состојбата со културата во нашата земја

Поранешната пратеничка Софија Куновска објави на социјалните мрежи фотографија од фонтана полна со пикавци, повикувајќи на внимание на проблемот. Таа нагласи дека цената на ваквото однесување не може да се мери само преку финансиските трошоци за чистење и одржување, туку и преку негативното влијание врз децата, општеството и имиџот на нашата држава.

Во нејзината реакција, Куновска го упати прашањето и до министерот за култура, запрашувајќи се дали институциите навистина се свесни за вистинската вредност на културата како инвестиција, а не како трошок. Таа истакна: „Знаете како се вика ова? Кој мисли дека министерот за култура е свесен, се лаже. Ова е НЕКУЛТУРА. А знаете колку чини? Сметајте ги сите трошоци за чистење, обновување на нашиот јавен простор, цени на подобрување на средината за нашите деца и влијание врз возрасните. Секој впечаток што го оставаме на нашите посетители може да направи значителен удар на гранките како туризмот и економијата. Ова е само еден микроскопски дел од нашата КУЛТУРА-НЕКУЛТУРА.

Прочитајте и:  Децата под 15 години во Грција ќе бидат ограничени во користењето на социјалните медиуми од 2027 година.

А што е со цената на она што го нарекуваме КУЛТУРА-НЕКУЛТУРА, кога станува збор за вредности како што се почитувањето на различностите, семејните вредности и културата на здравата животна средина? Може ли некој да ги изрази во цифри сите убиства, насилства, детски солзи и семејни несреќи кои произлегуваат од оваа КУЛТУРА-НЕКУЛТУРА? Минимално. Затоа, не знае ниту што ниту како требаше да се направи.“

„КУЛТУРАТА Е ИНВЕСТИЦИЈА, НЕ ТОШОК.“ – Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана“, заврши Куновска.