ФОТО | Два града, иста болка: Сочувство од Кочани за жртвите во пожарот во Кран Монтана

Со тишина, запалени свеќи и 40 бели балони испратени во небото, Кочани попладнево им оддадоа почит на 40-те млади животи загинати во трагичниот пожар во Швајцарија, во ски-центарот Кран-Монтана. Овој мирен собир, организиран под мотото „Два града – иста болка“, собра граѓани од сите генерации за да изразат солидарност и сочувство.

Без говори и транспаренти, присутните стоеа во тивка и достоинствена атмосфера, испраќајќи порака дека тагата не познава граници. Белите балони, пуштени кон небото, симболично изразија младоста што прерано згасна.

Посебно емотивен момент беше присуството на родителите на децата кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тие нагласија дека ја разбираат болката на семејствата од Швајцарија, истакнувајќи дека загубата на дете е иста, без разлика на местото на трагедијата.

„Понекогаш тишината зборува повеќе од зборовите“, беше пораката која ја одбележа целата вечер.

Собирот помина во мирно и достоинствено окружување, како симболичен чин на заедништво меѓу два града поврзани со трагедии кои оставија длабоки и трајни лузни.

Во знак на почит кон загинатите, присутните пуштија 40 бели балони во небото – симбол на младоста која неправедно згасна.

Без говори и транспаренти, собирот заврши во тишина, прекината само од трепетот на свеќите. Пораката беше јасна – болката нема граници, а човечката солидарност обедини градовите и луѓето во најтешките моменти.

Во пожарот во Кран-Монтана, животот го загубија 40 млади луѓе, додека во трагедијата во Кочани, за време на настапот на групата ДНК, загинаа 63 лица.

Фото: Венцо Донев