Мајк Галос – поранешен вработен во Microsoft, на Фејсбук објави фотографија од Бил Гејтс додека чека ред за бургер пред ланец за брза храна во Seattle.
„Кога вредиш околу 100.000.000.000, раководиш со најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кока Кола пред сендвичара како и сите нас останатите…
Е ВАКА се однесуваат вистински богатите луѓе, за разлика од оној позерот со златнен капак на тоалетната шолја во Белата куќа“, пишува Галос.
Се разбира, тој алудира конкретно на Доналд Трамп, но поентата е таа – вистински богатите луѓе не се однесуваат како богати идиоти. Очигледно многумина се сложуваат со таквата порака, бидејќи фотографијата набрзо беше распространета ширум Интернет, а коментарите се главно од типот „Бил е цар!“.