Од фотографиите што ги направи екипа на „360 степени“ може да се забележи дека медицински лица од брза помош го ставаат возачот во комбе за да го пренесат во болница, но засега не е позната сериозноста на неговите повреди и состојбата во која се наоѓа
Сообраќајна несреќа во која возило марка „бе-ем-ве“ удрило во заштитниот ѕид на булеварот „Гоце Делчев“ под надвозникот во близина на плоштадот „Скендербег“ предизвика метеж во овој дел од градот.
Дел од очевидците кои ги затекнавме на местото на несреќата велат дека возилото најверојатно прво изгубило контрола и се качило на пешачката патека над булеварот, по што повторно се излизгало и паднало на коловозот.
На пешачката патека што води од плоштадот „Скендербег“ кон мостот „Гоце Делчев“ може да се забележат траги од гуми, а во тој дел има и остатоци од возилото.
Од фотографиите што ги направи екипа на „360 степени“ може да се забележи дека медицински лица од брза помош го ставаат возачот во комбе за да го пренесат во болница, но засега не е позната сериозноста на неговите повреди и состојбата во која се наоѓа. На местото на несреќата може да се забележат и полициски екипи.
Засега нема информација од Министерството за внатрешни работи за тоа како дошло до сообраќајката, како и дали во возилото бил само возачот или имало и други и лица.
Сообраќајот во овој дел од градот е регулиран од полициски екипи и се одвива по една коловозна лента.