ФОТО: Агелер на последна средба со Мицкоски

Прошка од амбасадорката

Амбасадорката на Соединетите Држави, Анџела Агелер, денеска, по бројни средби со министри и влијателни личности, имаше последна средба со премиерот Христијан Мицкоски.

„Нашето силно партнерство со Македонија е клучно за унапредување на заедничките интереси. За време на прошталната средба со премиерот Мицкоски, Агелер говореше за зголемена соработка во областите на безбедноста и трговијата“, информираа од амбасадата.

Агелер изрази благодарност за успешната соработка и за споевите интереси на двете земји.

Како што објави премиерот Мицкоски на неговата Фејсбук страница, на средбата тој упати искрени желби за иднината на амбасадорката.

„Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер. На средбата изразивме благодарност за нејзиниот посветен труд, поддршката и значајниот придонес во унапредувањето на односите помеѓу нашите две држави. Во пријатна и конструктивна атмосфера, разменивме мислења за досегашната соработка и за важноста на нашето партнерство и заедничките вредности. Искажав нашите искрени желби за успех во нејзините идни професионални напори“, напиша Мицкоски.