А фоткава на жената што случајно ја фатила експлозијата на Кулите близначки?

11-ти септември 2001 година денот што секогаш ќе го паметиме по лошо. Најсмртоносниот терористички напад кој се случил на тлото на Америка, а околу 3.000 луѓе го загубија својот живот кога два авиони удрија во Кулите близначки.

Годиниве процуреа еден тон фотки … еве и уште една.

Искрено, не ни личи на фотошоп

“Се викам Остин Сансон и живеам на Менхетен, а ова е моја фотографија од 2001 година. Тогаш имав 4 години. За сите кои се прашуваат дали фотографијата е лажна или не, за жал, можам да ви кажам дека е вистинска”, напишал Сансон на “Reddit”.

Тој објаснил дека тоа утро неговата мајка го фотографирала и случајно успеала да ја фати глетката, неколку моменти по ударот на авионот. На фоткава се гледа дека луѓево се лабави и појма немаат што ги очекува микростотинката потоа … а богами и Остин, па ни мајка му

- Реклама -