Тип со својата девојка оди на одмор некаде на северот на Тајланд. Се шетаат, се фотографираат, одморот е прекрасен, сé е супер. Ама никаде не можат да го најдат часовникот на девојката. Набрзо се откажуваат, а мистеријата околу неговото исчезнување ја оставаат таква – нерешена.
… Сé до моментот кога ги гледаат фотографиите од одморот. Сега истите се поставени на Reddit. На нив се фатени двете мали наизглед безопасни девојчиња, облечени во тајландска народна носија, токму во моментот додека „оперираат“ на рачниот часовник на наивната туристка.
Уште не забележавте? Еве ви со кругче:
На ничие изненадување, по објавувањето на фотографиите се јавија и други туристи што си ги загубиле часовниците во Тајван. Сега барем знаат каде им се.