Во 1963, Фидел Кастро играше партија пинг-понг со пар американски студенти кои допатуваа во Куба и покрај тоа што немаа дозвола од американскиот Стејт Департмент. Фотографијава беше направена од еден од Американците и го прикажува Кастро во едно многу човечко, „маалско“ издание.
Инаку, помеѓу нештата (оние безопасните) по кои кубанскиот комунистички лидер беше познат, е и неговата одлична вештина во пинг понг, и во спортот, генерално. Важеше за врвен атлет.
Урбаната легенда вели дека Кастро – кој ги забрани професионалните спортови во 1960 година, само една година откако ја презема контролата врз кубанската влада, имал толку импресивен „фастбол“ (најчестиот вид фрлање во бејзболот), што око му фрлиле и некои од најдобрите бејзбол тимови, меѓу кои и американските Вашингтон Сенаторс, Њујорк Јенкис и Питсбург Пајретс.
Се разбира, како и во сите приказни со тоталитарни лидери, за ваквите легенди нема солидни докази и веројатно и овие се плод на чиста фантазија. Baseball Reference истакнува: „Веројатно е да играл како фрлач на рекреативни натпревари кога бил во колеџ или за правната школа на универзитетот во Хавана, ама не беше доволно добар за да игра за официјалниот универзитетски тим“.
Сеедно, многумина си наоѓаат занимација во тоа да фантазираат што сé ќе беше поразлично во 20-от век во светот, ако американските бејзбол скаути се обидеа да го регрутираат Кастро.
Во продолжение, снимка од Кастро како игра бејзбол во хуманитарен натпревар посветен на една од неговите реформи, во Хавана 1959 година: