Фосил од големо морско чудовиште изваден кај Дорсет


Фосилизираниот череп на џиновско морско чудовиште плиосаурус е ископан од карпите на Дорсет, на т.н. Брегот Јура, јави BBC во неделата.

Станува збор за черепот на плиосаурус, свиреп морски рептил кој ги тероризирал океаните пред околу 150 милиони години.

Фосилот долг два метра, еден од најкомплетните примероци од неговиот вид досега откриени, дава нови информации за овој древен предатор.

Черепот ќе биде претставен на јавноста во специјалното шоу на Дејвид Атенборо на BBC One на Нова Година.

Локалниот палеонтолог Стив Етчес изјави дека таков примерок не постои никаде на друго место.

„Тоа е еден од најдобрите фосили на коишто некогаш сум работел. Уникатен е по тоа што е комплетен… Ги има сите коски“, изјави тој за BBC News.

- Реклама -