Ford–овиот ултра-ефикасен и моќен 1.0-литарски EcoBoost бензински мотор денеска беше прогласен за меѓународен мотор на годината за 2013 година. Втора година по ред Ford-овиот мотор со три цилиндри ја освојува оваа награда.
1.0-литарски EcoBoost мотор кој комбинира директно вбризгување на гориво, турбо- полнач и варијабилно темпирање на вентилите со цел да се намали потрошувачката на гориво без да ја намали моќта, ја доби највисоката оценка во историјата на доделувањето на наградите за Меѓународен мотор на годината.
Моторот победи во категоријата „Најдобар мотор под 1.0 литар“ на овогодишното доделување на наградите презентирани од магазинот „International Magazine Engine Technology“ .
Од Ford потврдија дека планираат да го удвојат производството на моторот во својата фабрика за мотори во Kелн, Германија и тоа на повеќе од 1.000 мотори дневно од средината на август за да се задоволи побарувачката.
“Со технологија толку стара колку и моторот со внатрешно согорување, многу е ретко да може да се постигне вистински напредок, но токму тоа е она што тимот го постигна со овој мотор“, изјавил Џо Бакај, потпретседател на Ford, Global Powertrain.
“ Треба да го возите за да поверувате дека толку мал три-цилиндричен мотор може да има таква изведба и економичност на гориво” .
Панел од 87 новинари од автомобилскиот сектор од 35 земји низ светот оценуваа и доделуваа награди за возливост, изведба, економичност, подобрување и успешна примена на напредна технологија за моторот. Ford е еден од трите автомобилски производители кои бележат повратни победи во 15- годишната историја на доделувањето на наградите.
1.0-литарскиот EcoBoost на Ford е добитник на вредни признанија како што се признанието на Меѓународното доделување на награди на Paul Pietsch во 2013 година, признанието за технолошки иновации на доделувањето на наградите на германскиот магазин за Автомобилски мотори и најдобри спортски автомобили, трофејот„ Dewar Trophy “од Кралскиот Автомобилски Клуб во Велика Британија и наградата „Breakthrough Award“ од магазинот „Popular Mechanics“ во САД.
“Кој би поверувал? 1.0-литарски мотор кој има се, моќен е, економичен, чист и со мала тежина”, рекол Питер Лион, судија и независен новинар од Велика Британија. “Тоа е врвно дело”.
1.0-литарскиот EcoBoost е дизајниран во Ford-овите центри за истражување и развој во Ахен и Меркених во Германија и Дунтн во Велика Британија, а е конструиран во Келн, Германија и Крајова, Романија.
Моторот се распространува низ светот. Моментално е достапен за потрошувачите кои купуваат нов EcoSport во Индија и Кина, а кон крајот на оваа година ќе биде понуден кај возилата Fiesta во Северна Америка.
Доволно мал да се смести во делот за багажот над главата во авион, моторот ја дава најдобрата економичност на бензинско гориво во Европа за возилата како што се Fiesta, Focus, C-MAX и Grand C-MAX.