Новиот Форд Транзит Конект е „Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво“

Сосема новиот Форд Транзит Конект е именуван за „Товарно возило на годината за 2014 на меѓународно ниво“ на изложбата COMTRANS за комерцијални возила одржана во Москва, со што Форд стана првиот и единствениот производител кој има победено во две последователни години.

Форд бележи победа по петти пат откако жирито составено од 24 европски новинари-специјалисти го наградија Транзит Конект со 130 поени од вкупно можните 163, со што застана пред Мерцедес Бенз Спринтер (123) и Рено Кангу (25).

Наградата која што ја доби сосема новиот Транзит Конект следи по претходните успеси на Транзит (2001), Транзит Конект (2003), Транзит (2007) и Транзит Кастм (2013).

„Сосема новиот Транзит Конект постави нови правила на игра за компактните комбиња – и ние сме многу горди што повторно ја добивме оваа значајна награда“, изјави Барб Самарџич, потпретседателот на одделот за Развој на Продукти во Форд, Европа. „Новиот Транзит Конект е исто силен како и сите останати комерцијални возила, а доаѓа и со нов софистициран изглед и пониски цени за гориво“.

Транзит Конект е лидер во својата класа кога станува збор за економичност, носивост и издржливост, со моделот ЕКОнетик кој троши 4л/100км (70.6 mpg) и емисија на CO2 од 105гр/км* – подобрување од 34% во споредба со сегашниот модел. Со високата ефикасност на бензинскиот мотор 1.0 литри исто така е водач во својата класа кога станува збор за економичност.

Транзит Конект е достапен како товарно возило, комби со двојна кабина и комби каросерија и нуди практичен и просторан товарен простор со вкупна зафатнина од 2.9 m3 и 3.6 m3 со целосна преграда,со максимална носивост од 1000 кг.

Оваа престижна награда „Товарно возило на годината на меѓународно ниво“ се додаде во веќе импресивните перформанси кои Форд ги имаше во изминатите две години. Форд Ренџер ја освои награда за „Меѓународно пикап возило за 2013“ и бензинскиот мотор 1.0 ЕкоБуст е именуван за „Меѓународен мотор на годината“ во 2012 и 2013 година.

Новиот Транзит Конект ќе биде достапен за испорака кон крајот на 2013 година.

- Реклама -