Компанијата Ford го претстави концептот на кросовер под името Everest кој ќе се нуди со седум седишта. Моделот ќе влезе во производство во 2015 година, а ќе се гради врз основа на Ford Ranger.
Според изгледот теренецот потсетува на друг модел на компанијата – Ford Territory, кој во моментов се произведува за американскиот и австралискиот пазар. Тоа возило, сепак, ќе слезе од производство во 2016 година и на тој начин идниот Everest ќе стане негов идеен наследник. Најверојатно освен сличен дизајн, двата модела ќе имаат и исти мотори, а за Everest се очекува тие да бидат модернизирани. Сега Ford Territory се потпира на 4.0-литарски линиски бензински мотор со 8 цилиндри и 2.7-литарски турбо дизел V6. Вториот се вградува и на третата генерација Land Rover Discovery.
Новиот модел ќе биде наменет во прво време за пазарите во САД и Австралија, но подоцна ќе се нуди и во Европа.
-Ова е нашата идеја за теренец со седум седишта за иднината, кој може да ве однесе удобно и беспрекорно до секое место каде што ќе посакате, а и да завршите попат некоја работа, изјави еден од топ-менаџерите на Ford, Марк Филдс.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус