Ford најави дека за да го одбележи 50 години континуирано производство на легендата Mustang, ќе постави претставник на новата генерација на моделот, на терасата од 86-тиот кат на Empire State Building.
Со специјална настан, кој ќе се одржи на 16 и 17 април, Ford ќе го повтори сценарио од пред 50 години – презентацијата на Mustang во една од најпознатите згради во целиот свет. Од фирмата на Синиот овал планирале специјален настан и за Европа, што ќе се одржи подоцна оваа година и ќе му претходи на пазарното лансирање на Mustang на континентот во 2015.
Ако се прашувате како новиот Mustang ќе се најде на 86-ти кат на Empire State Building, одговорот е едноставен – на делови и со лифт, бидејќи доставата со хеликоптер е премногу ризична, поради тесниот простор на терасата.