Ford ќе лансира 15 нови модели во Европа за 5 години

Компанијата Ford во текот на следните пет години ќе го лансира на европскиот пазар 15 нови модели. Ова го соопшти еден од шефовите на американскиот концерн, Стивен Одел, за изданието Autocar.

Според зборовите на Одел, повеќето од новите модели ќе бидат опремени со мотори кои ќе бидат од британско производство. Според плановите, 1/3 од сите нови автомобили на компанијата за неколку години ќе бидат со такви агрегати. Освен тоа Ford освен во нови капацитети и погони ќе инвестираат огромна сума во развој на нови технологии и најмување на високо квалификувани инженери.

Во тековната година на европскиот пазар ќе започне продажбата на компактниот кросовер Ford EcoSport. Теренецот е изграден врз основа на Fiesta и ќе се нуди со 1.0 турбомотор од семејството EcoBoost, со моќ од 125 КЅ, а исто така и со 1.5 литарски бензински со моќност од110 КЅ. Ќе има и дизел агрегат – 1.6 литри и моќност од 90 КЅ.

Освен тоа Ford разгледува можноста за пуштање на сериска верзија на седанот Escort, кој беше прикажан на саемот во Шангај во април. Ако биде донесена таквата одлука, продажбата на моделот во Европа и Азија ќе стартуваат истовремено.

Уште во почетокот на 2014 година американскиот производител ќе започне и испораките за Европа на кросоверот Edge, како и на спортското купе Mustang.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -