Ford го прославува производството на 7 милионитиот Transit Vаn

Ford компанијата за моторни возила денеска го објави производството на седум милионитиот Transit, популарното комерцијално комбе кое за прв пат беше лансирано во 1965 во Европа, а сега е проширено на 118 пазари наспроти шест континенти.

Подредени еден до друг, седум милиони Транзити ќе се оптегнат од Лондон до Сиднеј Австралија и назад.

Пресвртницата се прославува денес на официјалното отварање на новата фабрика за Transit во Нанчанг, Кина, на која присуствива претседателот и генерален менаџер на Ford Алан Мулали.

Photo-of-the-dark-bluw-Van-Ford-Transit

Лансиран истата година кога првиот човек стапна во вселената, Transit направи забележливо влијание, обезбедувајќи практична поддршка на тогашните економии во подем на Европа. Од тогаш, Ford има развиено широк спектар на каросерии и варијанти: Од поделеното комбе, пикап, преку кипери камиони до камп возила, вклучувајќи го и Cosworth V8-моќност Supervans.

Сите нови 2-тонски Транзити се закажани за Европско лансирање во пролетта 2014 година во кои се вклучува редизајнирана и проширена палета на модели за Европа, која ги вклучува и Transit Custom, Transit Connect и Transit Courier.

Производството на Transit првпат се прошири надвор од границите на Европа во 1997 со новите објекти во Нанчанг, Кина, и Хаи Дуонг, Виетнам, Новата Jiangling Xiaolan фабрика го дуплира годишниот производствен капацитет на комерцијални возила JMC на 545,000 единици од 245,000 единици. JMC компанијата која ги произведува Ford Transit-ите за Кинескиот пазар е 30 проценти сопственост на Ford.

5379488198_dd7b672f79_z

Глобалната експанзија на производството и продажбата на Transit ќе заземе забележувачки чекор во средината на 2014 кога новиот Transit ќе влезе на Северно Американскот пазар за прв пат. Северно Американскиот Transit ќе се произведува во Канзас.

Ford очекува да продаде повеќе од 400,000 1-тонски и 2-тонски Транзити до 2016, што е еквивалентно на продажба на едно возило секој 80 секунди.

Во Европа, 2-тонскиот Transit и 1-тонски Transit Custom ќе се трансформираат во проширен опсег на сите четири нови модели на Transit кои ќе одат во продажба од средината на 2014. Ова го вклучува новиот Transit Connect кој нуди носивост од 550-1000 килограми, и компактниот нов Transti Courier со максимална носивост од 660 килограми.

- Реклама -