Најпродаваното возило во светот за 2012 година – Ford Focus, ја задржа титулата за првата половина на 2013 година.
Дополнително, според анализите на податоците за регистрација на возила на Ford, Ford Fiesta се рангира како четврто најпродавано возило – со што Ford е единствениот бренд кој има две плакети меѓу топ пет светски најпродавани автомобили.
Ford Focus има пораст за 20% во првата половина на 2013 година во споредба со истиот период минатата година. Во 2013 година се регистрирани 589,709 возила, најмногу од зголемената побарувачка се потрошувачите во Кина и други Азиски земји. Во Кина, Focus има пораст од 137% за разлика од 2012 година, со вкупно 202,380 возила.
Со што Кина станува најголемиот светски автомобилски пазар со една-третина продажба на Ford автомобили.
Ксиао Бинг, 31 годишен менаџер за продажба во ИТ компанија во Пекинг, е нов сопственик на Focus.
„Новиот Focus изгледа модерно и ги задоволува моите естетски очекувања,“ изјави Бинг. „Се забележува значителна промена во споредба со претходниот модел. Ракувањето на автомобилот е одлично. Кога имав тест-возење, новиот Focus се покажа одлично во кривините. Севкупно, ова е најдобрата комбинација на изглед, перформанс, вредност и економичност.“
Потрошувачите од други Азиски земји исто така реагираат со ентузијазам кога станува збор за Ford Focus. Во септември, извештаите на Ford за продажбата на Focus покажуваат раст од 193% во Индонезија, 72% во Виетнам и Филипините и 42% во Тајланд.
Fiesta исто така најпродавана
Ford Fiesta му се приклучи на Focus меѓу петте најпродавани возила во светот и заработи врвно место како најпродаван мал автомобил во светот, со 356,434 регистрирани единици за првата половина на 2013 година.
„Fiesta е на одличен пат, а Focus станува се подобар – особено во Кина“, изјави Џим Фарли, извршниот потпретседател на Ford, за светски маркетинг, продажба, сервис и Линколн. „Ова е “ОNE FORD” стратегијата во најдобро светло: возила кои одлично изгледаат со извонредна економичност, водечки квалитет, напредна технологија и се забавни за возење.“
Комбинирано, на светско ниво до сега се регистрирани вкупно 946,143 возила за првите шест месеци од годината, што покажува пораст за 8% на продажбата на Ford Fiesta и Focus.