Фон дер Лaјен: На Украина ѝ претстои многу работа до членство во ЕУ

Брисел, 7 март 2022 (МИА) – На Украина ѝ претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лaјен, во интервју за CNN.

„Многу е сторено, има уште работа за да се приближиме, но процесот е во тек“, рече таа.

Фон дер Лајен зборуваше за руската инвазија во Украина и изнесе мислење дека е потребна „силна и јасна истрага“ за тоа дали руските сили извршиле воени злосторства во Украина.

Според неа, процесот на присоединување на Украина кон ЕУ ќе потрае, сепак потсетуваќи оти веќе некое време постои интензивна соработка на релација Брисел – Киев.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна упати барање до државите-членки на ЕУ за итен прием на Украина во Унијата, потпишувајќи ја апликацијата за членство.

Лидерите на Бугарија, Чешка, Полска, Словачка, Словенија и на балтичките држави, ја повикаа ЕУ да преземе чекори на Украина веднаш да ѝ се додели кандидатски статус и почеток на преговори за членство во Унијата.

- Реклама -