Фон дер Лајен: Горда сум на европската реакција на руската инвазија на Украина

Во присуство на првата дама на Украина – Олена Зеленска, почесен гостин на годишното обраќање за Состојбата на ЕУ, како знак на поддршка на „храброста на украинскиот народ, кој го погоди и инспирира светот“, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, потсети дека во февруари луѓето се разбудија во ЕУ, стаписани и со неверување за она што се случуваше на европскиот континент, кој веднаш се мобилизира во знак на поддршка на Украина и дека европскиот одговор на руската агресија беше одлучен, јави дописникот на МИА.

Фон дер Лајен, облечена симболично во боите на украинското знаме, го започна своето обраќање за состојбата на ЕУ велејќи дека е „горда“ на европската реакција на руската инвазија на Украина.

Прочитајте и:  Борел: Трамп на чело на САД не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков

„Денес храброста има име, тоа е името на Украина“, рече Урсула фон дер Лајен.

Таа ја обвини Русија дека води „војна против европските вредности.

„Убедена сум дека со потребната храброст и потребната солидарност Путин ќе претрпи пораз, а Украина и Европа ќе победат“, рече претседателката на ЕК.

Шефицата на европската извршна власт го поздрави влијанието на европските санкции врз руската економија. Шест месеци по самитот во Версај, иако Владимир Путин сепак се гордее што го ограничил влијанието на мерките преземени против неговата земја, според нашата анализа, оваа опсервација е далеку од реална, истакна Фон дер Лајен.

Во меѓувреме, ЕУ подготвува нова финансиска помош од 5 милијарди евра за Киев.

Извор: МИА

- Реклама -