Фон дер Лајен и Бајден ќе претстават „ново поглавје во меѓусебното енергетско партнерство“, американски гас ќе го замени рускиот

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, оцени дека со денешното присуство на лидерите на ЕУ, САД, Велика Британија и Канада, Брисел стана „центарот на слободниот свет“.

„Нашите врски се посилни од кога било. Одлучивме да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина, да ги заостриме санкциите против Русија и да се ослободиме од руските фосилни горива“, рече фон дер Лајен.

Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, а по самитот НАТО и Г7, таа посочи дека утре со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе го претстават новото поглавје од меѓусебното енергетско партнерство и најави дека дополнителни количества течен природен гас ќе пристигне во Европа од САД, во замена за тој од Русија.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Бајден денеска пристигна во Брисел „за да му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека додека трае руската инвазија на Украина, западниот сојуз е посилен од било кога“, пишуваат светските агенции.

Според советникот за национална безбедност на САД – Џејк Саливан, посетата на Бајден има за цел да го зацврсти американскиот одговор на „трите критични фронта“ – опремување на Украина со воена опрема, наметнување поголеми трошоци за Русија, како и зајакнување на западниот сојуз.

Со учеството на Европскиот совет, Бајден станува првиот претседател на САД кој физички присуствувал на самит на ЕУ.

Извор: МИА

- Реклама -