Фолксваген најави илјадници отпуштања и не исклучува затворање фабрики

Раководството на германскиот производител на автомобили Фолксваген се одлучи за голема програма за штедење до 2026 година и сака да ја укине гаранцијата за вработување на околу 110.000 работници за да се справи со готовинскиот дефицит од пет милијарди евра.

Раководството на Фолксваген соопшти дека ќе го откаже долгогодишниот договор со работниците во Германија со кој се исклучуваа отпуштања до крајот на 2029 година. Договорот е во сила од 1994 година.

На кризниот самит на највисоките менаџери, кој беше свикан во кус рок, бордот на Фолксваген денеска ја информираше јавноста за своите планови за реструктуирање и повеќе не исклучува затворање на фабриките, пренесува Билд.

– Економското опкружување повторно се влоши, нови добавувачи доаѓаат во Европа. Покрај тоа, Германија особено заостанува во однос на конкурентноста. Ние како компанија сега мораме да дејствуваме доследно во оваа средина, рече извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме.

Прочитајте и:  Мерц ја повикува Европа да му покаже заби на Трамп
- Реклама -