Фолк пејачката Соња Тарчуловска стана мајка по трет пат

Познатата двојка Соња и Јохан Тарчуловски по трет пат станаа родители.

Тие на свет ја донесоа ќеркичката Јоана, а медиумите дознаа од профилот на Јохан, на Фејсбук каде што среќниот татко ја сподели убавата вест.

„„Се роди и нашата трета среќа. ЈОАНА добро ни дојде сонце убаво!!!“

Мелани и Младен се децата на Јохан и Соња, кои ќе ја пречекаат својата нова сестричка.

 

- Реклама -