Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера ги затекна колегите од СЈО, кога им испрати писмо со кое ги овластува да ги предадат сите тековни предмети, истраги и предистраги на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Неофицијално, предметите ќе бидат прифатени од Јовески, со што ќе се стави клуч на СЈО.
Во јавноста се појавија различни толкувања за мотивите на Јанева, која е во притвор во истражниот затвор „Скопје“, а која се уште е шеф на СЈО, бидејќи Советот на јавните обвинители не ја одалечи од функцијата, а се уште не е разрешена и не и е истечен мандатот.
Еден од можните мотиви е последен обид на Јанева да ги спаси предметите, но има и еден личен, односно да се спаси од притвор. Поточно, притворот на Јанева и е одредан поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело.
Со предавање на предметите, отпаќѓа третата ставка, односно Јанева нема да биде во можност да го повтори делото, поради што може да бара куќен притвор.
Јанева е осомничена во предметот „Рекет“, поради што доби притвор од 30 дена.