Непосредно по вчерашното пукање во „Ист Гејт“, на социјалните мрежи и во медиумите се појави снимка од безбедносните камери во трговскиот центар, на која беше снимен како моментот на нападот, така и самиот напаѓач. Набрзо и МВР објави фотографија и побара од граѓаните, доколку некој има информација за лицето на снимката, веднаш да пријави во полиција.
Но, фотографијата „беше доста матна“, па почнаа да се појавуваат разни теории кои не држат вода или фотографии од други лица кои немаат врска со настанот, забележува „Фокус“, кој успеал да дојде до нови фотографии од напаѓачот, од моментите непосредно пред самиот настан.
„’Фокус’ обезбеди нови фотографии од пукачот кој вчера попладне го рани Раде Трајковски – Штекли, и неговиот соработник со прекар ‘Колумбо’ во трговскиот центар ‘Ист гејт’. Според фотографиите до кои дојдовме, лицето лабаво седи во кладилница во трговскиот центар и воопшто не се крие“, наведува „Фокус“.
Фотографиите можете да ги видите ТУКА.