Фокус: ФОТО „Панаѓурска“ атмосфера пред банките

И покрај владините мерки и препораки, во кои јасно се нагласува избегнувањето на гужви и се наложува држење на растојание, како превентива од опасниот вирус, сепак деновиве пред голем број на банки, во речиси сите градови во земјава, владее ,,панаѓурска” атмосфера.

Социјалните мрежи се преполни со фотографии и видео снимки на кои се гледаат десетици повозрасни лица кои буквално си дишат во врат, додека чекаат ред пред влезовите на банките.

Загрижени граѓани од Велес, Неготино, Скопје и други градови споделија голем број на фотографии, апелирајќи да се стави ред на состојбата.

-Обезбедување на банките, полиција, има ли надлежни служби кои ќе им стават крај на турканиците пред банките? – прашуваат граѓаните. Од она што го забележавме на терен, најчесто пензионерите, кои спаѓаат во најризичните групи кога е вирусот во прашање, чекаат во ред да подигнат парични средства. Нивното образложение е дека не се свикнати да плаќаат со платежни картички, туку преферираат да плаќаат со кеш во рака.

- Реклама -