Новата Flin колекција од Вулантри е лесна и свежа со котрасти на гласни, енергични бои, под влијание на дизајнеро со Балиско потекло.
Дизајнерите, Рене Кродик (архитект) и Тантри В. Вулантри (дизајнер на накит) се од островот Бали, Индонезија каде границата меѓу морето и земјата има големо влијание на секојдневниот живот на локалното население. Користејќи најлонски рибарски конец, нестварната колекција е инспирирана од животниот стил во Бали- од рибарење, сурфање и релаксирање- главните активности на локалното население и посетителите.
Направено од локалните занаетчии во Бали, формата на секое парче потсетува на обликот на бранот, кој се претвора од помал во поголем. Двете различно бои на најлонски конец ја претставуваат интеракцијата и бесконечноста на брановите, создавајќи взаемно дејство меѓу нив.