Германските медиуми пишуваат дека Флик наскоро ќе биде отпуштен, а веќе е познат и неговиот наследник, а тоа е поранешниот тренер на Челси, Томас Тухел.
„Кикер“ објави дека Флик е подготвен да прифати отказ, а Фудбалскиот сојуз наводно ги договорил условите со Тухел и веднаш ќе го промовира на селекторското столче.
Според германскиот медиум, други кандидати за тренерската позиција во репрезентацијата немало бидејќи од федерацијата веднаш се договориле со Тухел.