Флерт на работа – да или не?

Во дамнешните седумдесети години една германска компанија на своите вработени им давала да потпишат договор преку кој се обврзувале дека во текот на работното време нема да се впуштаат во било каква врска со своите колеги. Што би направиле вие кога некој би ве приморал вас да потпишете таков договор?

Денес правилата и тоа како се променети, и тешко дека на некој воопшто и би му паднала на памет оваа идеја. „Не смеете“ се претвори во „Зошто да не“, доколку позитивно влијае на работата на вработените. Во денешно време врските не ретко се раѓаат токму на работното место. Сепак, пред да се впуштите во нешто такво, би требало добро да размислите за некои работи…

121115074718-flirting-couple-work-story-top-628x356

Дали можете да се замислите со таа личност 24 часа?

Можеби нема да го имате она чувство кога едвај чекавте да дојде 16 или 17 часот за да излезете од канцелариите и да се сретнете со него, бидејќи до 16 или 17 часот ќе гледате во таа личност секој ден, пет пати во неделата.

Можете ли да го задржите професионалното однесување за време на работното време?

Пренесената караница или лутина од спалната соба, е сосема непосакувана во канцеларијата. За жал, ниту бакнежите или прегратките не спаѓаат во професионално однесување.

Flirting+man

Љубомора?

Можеби ви оди на нерви Сања од неговата работа, но тоа го знаете само вие, и евентуално тој. Но, како би реагирале Сања да флертува со него пред вашите очи?

Како би ја протолкувале неговата критика за вашата работа?

Дали воопшто ќе бидете во состојба да ја сфатите исклучиво како работна, или пак ќе ја сфатите лично.

Што доколку не успее? Како понатаму?

Тензијата од вашата разделба освен вас ќе ја почуствуваат и вашите соработници.

- Реклама -