Понекогаш, жените знаат да бидат премногу суптилни кога флертуваат. Барем така вели машката страна на приказната. Другата верзија е дека мажите знаат да ги превидат и најочигледните сигнали. Па, тргнувајќи од тоа дека „повторувањето е мајка на знаењето“, не е лошо да ги научите и повторите следниве моменти на кои треба да внимавате:
1. НАСМЕВКА
Ако се насмевнува и притоа ве гледа директно во очи, тоа е знак дека сака да и пријдете.
2. ОБЛИЖУВАЊЕ НА УСНИТЕ
Во превод: „Бакни ме!“
3. НЕСВЕСНО СИ ГО ГАЛИ ВРАТОТ ИЛИ ЛИЦЕТО
Ако забележите дека несвесно го прави ова, знајте дека сака вие да ја допирате баш на тие места, но и на некои други.
4. ГО ПОДИГНУВА ФУСТАНЧЕТО
Ако додека зборувате си игра со својата сукња, тоа е еден од најсигурните знаци дека таа сака секс.
5. ИГРАЊЕ СО КОСАТА
Еден од типичните и лесно воочливи знаци за женската заинтересираност. Ако си ја витка или гали косата со прстите додека гледа во вас, знајте дека очекува да ја одведете некаде каде што сте сами.