Омбре фризурата доби конкуренција со техниката на бојадисување наречена „фламбојаж“. Судејќи по сличниот ефект на косата и подмладувањето, поради што е предмет на обожавање на бројни ѕвезди, оваа техника само е продолжение на револуционерното тежнеење во потигнувањето на што поприродниот изглед на косата.
Владеењето на омбре прамените својот врв го доживеа веќе неколку сезони и тоа благодаение на посебниот ефект на младешкиот ефект кој го дава на лицето. Имено, Седиот израсток на оваа техника е камуфлиран во темен, а остатокот од косата просветлен во разни нијанси.
Но, техниката отиде еден чекор понапред во пресликувањето на природниот изглед на косата, а истата ја прифатија и голем број на познати ѕвезди меѓу кои Џесика Бел и Викторија Бекам.
Станува збор за „фламбојаж“ техниката на бојадисување прамени, која го означува сенчањето на косата или природниот ефект на „сонце во косата“. Се заснова на бојадисување на одбрани тенки прамени извлечени од целата површина на косата.
Тајната на совршено тенките прамени со ефект на сенчање се крие во посевни самолепливи проѕирни фолии, кои овозможуваат целата постапка на бојадисување да биде бавна и внимателна, и да биде изведена со филигранска прецизност.
Резултатот е прекрасен со оглед на тоа што саканиот природен изглед е постигнат, а тенот на лицето станува посвеж, потопол и помек.