FitnessCorner: Кој вид на храна највеќе дебелее ?

Кој вид на храна највеќе дебелее ?

Едноставно е – Ниту еден или сите.

Зашто ? Како ?
Веројатно поради влијанието на опкружувањето, често сме наведени да мислиме дека одреден вид или тип на храна може да не здебели. Да, факт е дека ако претежно конзумираме брза храна и сме неактивни, полесно ќе се доведеме со некој конфекциски број плус.
Но, дали е пресуден фактот дека еден тип на храна може да не здебели ? Апсолутно не.

Телото работи на еден малку поразличен механизам. Дали ќе накачувате, оддржувате или намалувате на телесна тежина зависи од една проста формула – калории што ги конзумирате наспроти кои ги трошите/телото ги искористува за одредена намена. Толку. Доколку конзумирате повеќе калории од што трошите во текот на еден ден, едноставно е – телото ќе ја акумилира вишокот на енергија и ќе ја складира како поткожни масти. Доколку на крајот на денот, “телесниот калкулатор” пресмета дека она што денес сте го конзумирале преку храната, + она што базалниот метаболизам го користи за да ги извршува основните телесни функции + она што сте го потрошиле (преку некаков вид на физичка активност), влегувате во калориски дефицит и ќе намалувате на телесни масти/килограми.

Исто така голем фактор е и влијанието од родителите поради таквото општоприфатено мислење (ова е и од лично искуство). “Немој да јадеш леб и ориз” ; “Кикириките се многу мрсни и дебелеат” ; “Јади што повеќе овошје, тоа е здраво и не дебелее” и слично…(сигурно ќе се сетите и вие на некој бисер од вашите родители во овој стил).

fit-vs-fat_o_1006936

НЕ постои еден вид на храна кој придонесува до зголемувањето на телесната тежина, или популарно кажано дебелеење. Секако, ќе повторам дека одредени видови на храна (како што е брзата храна, слаткото, газираните сокови и алкохолот) поради нивната калориска густина и содржина на празни калории (шеќери) може да допринесат побрзо тој процес да се одвива. Но, на крајот на денот она што е пресудно е кратката формула која ја напоменавме погоре – калории што се конзумираат наспроти калории што се трошат.
Конзумирајте разни видови на храна (обрнете внимание тоа да е свежа, непроцесирана храна со протеинско потекло, сложени јагленохидрати и здрави масти), вклучувајќи и некоја ваш омилен  “забранет” оброк. Но, гледајте да имате и калориска потрошувачка преку физичка активност за “телесниот калкулатор” да работи за вас, а не против вас.

- Реклама -