Да, можеби генетиката придонесува за типот и перформансот на метаболизмот, но може да обезбедите метаболички буст со конзумирање на одредени, правилни видови на храна! Еве која храна треба да ја вметнете во вашата исхрана за да го забрзате процесот на топење на масти! Бидете константни и вашиот прогрес ќе биде видлив за краток период.
- КАФЕАВ ОРИЗ
Кафеавиот ориз е ориз од цело зрно; на телото му е потребно повеќе време да ги разгради целите зрна, помагајќи да се топат повеќе масти. Кафеавиот ориз, за разлика од белиот, ја задржува комплетноста на зрното поради тоа што не е преработено. Исто така е богато со протеини, тиамин, калциум, магнезиум и фибриди.
2. БЕЛКИТЕ ОД ЈАЈЦА
Како што знаеме, белките од јајцата се богати со протеини и не содржат холестерол и масти. Белките се богати со BCAA, разгранетиот ланец на амино киселини кој го одржува метаболизмот да работи одлично. Исто така обезбедуваат рибофлавин, или подобро познат како витамин Б-2, кој помага за метаболизирање на протеините, јагленохидратите и мастите.
3. ПИЛЕШКИ СТЕК
Пилешкото е “чисто” месo; а таквите меса се богати со железо. Конзумирањето на 300-400 грама пилешко месо ќе спречи да бидете дефицитарни на железо во телото, кое може да предизвика успорување на метаболизмот. Пилешкото месо има многу малце масти, а голем процент на протеини. Ако сакате да качите на чиста мускулна маса, конзумирајте повеќе пилешки стек! Под стрес сте ? Пилешко! Стекот содржи витамин Б5, кој има смиркувачки ефект на нервите.
4. ЧИЛИ ПИПЕРЧИЊА
Чили пиперчињата содржат капсаицин, хемиска компонента која може да го забрза значително метаболизмот. Капсаицинот исто така влијае за намалување на шеќерот и холестеролот во крвта, го намалува крвниот притисок и делува како тригер за ослободување на ендорфини и серотонин, мозочни хормони кои влијаат за намалување на депресијата и честата промена на расположение. Исто така тие влијаат позитивно на намалување на апетитот и желбата за нездрава храна, па дури и клинички е докажано дека влијае за подобрување на либидото.
5. ВОДА, ВОДА, ВОДА
За крај, не заборавајте да конзумирате вода! Истражување објавено во “Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism” покажало дека конзумирањето на вода (околу 2 литри) може да ја забрза метаболичката стапка за 30% кај здравите мажи и жени! Конзумирањето на доволна количина на вода во текот на денот помага за одржување на правилен баланс во телото, кое помага за добра дигестија и транспорт на нутриентите во телото. Исто така, големи се шансите да немате доволно енергија во текот на денот токму поради тоа што сте благо дехидрирани. Затоа, водата до вас!