Firefox продолжува да ja губи популарноста

Firefox во јуни достигна нов минимум за последните пет години. Уделот на прелистувачот падна до 15,6%, според податоците на Net Applications. Вознемирувачки за Mozilla и нејзините корисници е фактот дека се забележуваат појасни трендови на слабеење на Firefox и континуиран раст на Chrome кај десктоп прелистувачите.

Во октомври 2009 година Firefox имаше удел од 23,75%, кој од јули 2012 година започна да паѓа, и од мај 2013 година прелистувачот на Mozilla ги нема поминато 20-те проценти, покажува статистиката на Net Applications.
Internet Explorer (IE) во сите негови верзии го држи првото место со удел од 58,4%. Уделот на Chrome бележи раст од 17,7% до 19,3% за периодот мај-јуни, а Safari на Apple зазема 5,3%, без да покажува напредок.

Репутацијата на Firefox во последно време, страда поради нејасната ситуација со шефското место во Mozilla, како и поради одлуката на компанијата да додаде  реклама, во прелистувачот. За компанијата е од витално значење да го продолжи договорот со Google, бидејќи над 90% од нејзините приходи доаѓаат токму од интернет гигантот.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -